Израел- оружјето од Сирија нема да заврши кај Хезболах

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак изјави дека Израел нема да дозволи хемиското оружје од Сирија да стигне до милитантите од Хезболах во Либан. Тој денеска одби да коментира за една своја претходната забелешка дека Израел би можел да спроведе воена операција на сириска територија за да се спречи таков трансфер на оружје. Денеска и еден израелски официјален претставник од одбраната Амос Гилад рече дека Израел стравуваат дека сириското оружје може да падне во рацете на Хезболах сега кога режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се соочува со напади од сите страни.