Италијанскиот премиер Марио Монти во посета на Русија

Италијанскиот премиер Марио Монти.

Италијанскиот премиер Марио Монти денеска ќе отпатува во прва официјална посета на Русија. За време на дводневната посета Монти треба да го посети црноморското пристаниште Сочи и да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со премиерот Дмитриј Медведев. На дневниот ред на разговорите меѓу Монти и руското раководство се меѓународни проблеми, како што се должничката криза во еврозоната, партнерство на Русија со Европската унија и НАТО и влошување на безбедносната ситуација во Сирија. Се очекува да бидат потпишани и неколку договори меѓу руски и италијански компании.