Уапсени тројца високи функционери за поплавите во Русија

Погодениот регион.

Уапсен е шефот на рускиот регион Крумск кој пред две недели беше погоден од поплави при кои загинаа 170 луѓе. Василиј Крутко е уапсен под обвиненија дека не успеал да ја исполни својата службена должност. Освен Крутко, денеска се уапсени и градоначалникот на Крумск Владимир Улановски и вршителот на должноста шеф на комисијата за итни предупредувања Виктор Жданов. Апсењата доаѓаат како резултат од големата истрага во која беа вклучени 1.300 жртви на поплавите и повеќе од 400 медицински анализи.