Тројца војници на НАТО загинале во Авганистан

Тројца војници од мисијата ИСАФ се убиени во два одвоени инциденти во Авганистан, соопштуваат од НАТО. Од таму велат дека двајца војници се убиени при експлозија на бомба во источен Авганистан, а еден бил убиен за време на престрелките со бунтовниците, исто така, во источниот дел на земјата. Во соопштението не се спомнува националноста на убиените војници. Ноќеска од база на НАТО биле киднапирани шест Авганистанци кои работеле во базата као сервисен персонал. Пет од нив рано утрово биле пронајдени мртви, изјавија локалните власти. Шестиот работник успеал да избега.