Најмалку тринаесет мртви по судар на два автобуси во Турција

Најмалку тринаесет лица загинаа, а над десет се повредени денеска при судар на два автобуси во источната турска провинција Агри. Причините за несреќата засега не се познати, но извори во полицијата информираат дека најверојатно откажале сопирачките на еден од автобусите, по што тој удрил во другиот. Повредените патници се пренесени и хоспитализирани во околните болници.