Најстариот носител на Олимпискиот оган во Лондон има 101 година

Најстариот носител на Олимпискиот оган, кој од денеска патува низ Лондон е 101-годишниот Сик Фалуџа Синг. Ова ќе биде вторпат како Синг ќе го носи олимпискиот факел, откако и пред осум години беше еден од носителите на огнот за Олимпијадата во Атина. Тој е познат и како најстариот маратонец во светот кој веќе шестпати учествувал на лондонскиот маратон, последен пат оваа година.
Двапати учествувал и на маратонот во Торонто и еднаш на познатиот маратон во Њујорк.
Синг е роден во Пенџаб во Индија во 1911 година, а во Велика Британија се доселил во 1992 година за да живее со синот.