Осумнаесет мртви во сообраќајна несреќа во Индија

Индиските власти соопштија дека осумнаесет лица загинале, а седумнаесет се повредени во сообраќајна несреќа во планинскиот североисточен дел од земјата. До несреќата дошло кога одрони од карпа удриле во автобус и го собориле во провалија. Официјални претставници соопштија дека автобусот паднал во висина од 45 метри, а како причина за одроните ги наведуваат монсунските дождови.
Во несреќи низ патиштата во Индија годишно страдаат над 100 000 лица.