Клинтон утре во посета на Атина

Поранешниот американски претедател Бил Клинтон утре ќе ја посети Атина, тринаесет години по неговата последна посета и единаесет години по заминувањето од Белата куќа. Посетата е дел од грчко-американската кампања за поправање на негативниот имиџ на Грција и промовирање на иницијативите за олеснување на последиците од кризата што ја зафати земјата. Грчко-американската иницијатива во која се вклучени бизнисмени, адвокати и научници има за цел да собере најмалку 100 милиони евра со цел поддршка на имплементацијата на структурните реформи и привлекување странски инвестиции. За време на престојот во Атина, планирано е Клинтон да се сретне и со грчкиот премиер Андонис Самарас.