Јапонска фирма лажела за нивото на радијација во Фукушима?

Fukushima prefecture, 11Mar2012

Министерството за здравство на Јапонија соопшти дека ќе ги испита извештаите дека една од компаниите што ја чистат Фукушима нуклеарната централа, ги натерала своите работници да лажат за нивото на радијација на која биле изложени. Јапонските медиуми објавија дека една градежна фирма им наредила на десеттина свои работници да ги покријат своите дозиметри, кои ја мерат кумулативна изложеност на радијација, додека работеле во областа со висока радијација. Наводниот мотив на компанијата бил да не ја изгубат работата за чистење на централата, доколку се признае дека на тој начин се изложуваат работниците на опасност. Во март 2011 година силен земјотрес и цунами ја погодија фабриката Фукушима со што се уништија структурите кои ослободуваат радијација од нуклеарниот реактор.