Северна Кореа ќе ја прегледа својата нуклеарна програма

Севернокорејското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека целосно ќе ја прегледа нуклеарната програма на таа земја откако биле уапсени саботери кои подготвувале уривање на статуи на првиот лидер Ким Ил Сунг. Во соопштението се прецизира дека еден севернокорејски дезертер бил вработен во Јужна Кореа да подготви уривање на статуите на основачот на Северна Кореа. Притоа се обвинуваат Соединетите држави чија, како што се наведува, политика ја оневозможува денуклеаризацијата на Корeјскиот полуостров.