Банкарскиот систем е здрав и стабилен

Банкарскиот систем е здрав и стабилен. Народната банка на РМ презеде мерки за соодветно да ја прилагоди монетарната политика на глобалните ризици кои се уште траат и редовно и внимателно ги следи за да ја задржи стабилноста. Ова денеска меѓу другото, го рече гувернерот на НБРМ Димитар Богов на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет каде што го презентираше годишниот и извештајот за банкарскиот систем во 2011.