Во муслиманскиот свет почнува Рамазан

Верските лидери во повеќето муслимански земји соопштија дека денеска почнува светиот месец на Рамазанскиот пост. Официјални соопштенија за тоа беа објавени во Алжир, Египет, Саудиска Арабија, Либан, Јордан, Кувајт, Катар, Тунис и Јемен. Во Оман и Сирија, Ирак и Иран, Рамазан почнува во сабота. Почетокот се пресметува според појавувањето на младата Месечина. Земјите користат различни астрономски пресметки што доведува до разлини термини. За тоа придонесуваат и недоразбирањата меѓу сунитските и шиитските муслимани.