Детски камп евакуиран поради пожар во близина на Атина

Архивска фотографија.

Грчките власти евакуираа детски летен камп и манастир во близина на Атина поради шумскиот пожар, кој засегнал пет куќи и се шири.
Огнот достигнал згради во едно од предградијата на престолнината и граѓаните биле принудени да ги напуштат своите домови и да се борат со пожарот со градинарски црева за наводнување и прскалки.
Пожарот во реонот на Кератеа, на 40 километри југоисточно од Атина е еден од многуте кои беснеат во последните два дена во земјата.
Нема информации за настрадани. Повеќе од сто пожарникари се борат со огнот со помош на седум авиони и два хеликоптери.