Иран негира поврзаност со нападот во Бугарија

Повредени при напад на автобус на аеродромот во Бургас.

Иранската амбасада во Бугарија ги отфрли обвинувањата од страна на Израел, дека Иран стои зад самоубиствениот бомбашки напад во Бургас во кој загинаа најмалку седум луѓе, вклучувајќи пет Израелци. Во соопштението од иранската амбасада стои дека израелските обвинувања се „неосновани“. Израелски официјални лица го обвинија Иран и неговите либански сојузници Хезболах за организирање на нападот во средата.