Русија и Белорусија потпишаа договор за нуклеарна централа

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко и рускиот премиер Дмитриј Медведев .

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко и рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска потпишаа договор за изградба на нуклеарна централа во Белорусија. Нуклеарната централа треба да се гради во градот Астраветс во близина на границата со Литванија според руски градежни планови и руски сретства. За таа намена предвидено е да се потрошат 10 милијарди долари. Плановите за изградба на нуклеарна централа во Белорусија датираат уште од советско време, но проектот е откажан по нуклеарната катастрофа во соседна Укриана, во Чернобил во 1986-та година. Проектот се соочува со критики на еколошките групи од Белорусија и од Литванија.