Укината суспензијата за Хамам, поранешен кандидат за претседател на ФИФА

Мохамед бин Хамам.

На поранешниот кандидат за претседател на светската фудбалска федерација Мохамед бин Хамам денеска му е укината доживотната суспензија да се занимава со фудбал, соопшти Судот за спортска арбитража во Лозана. Тој беше обвинет за подмитување на гласачите при изборот за претседател нa ФИФА минатата година. Поради неговата суспензија, остана еден кандидат Сеп Блатер и тој победи на изборите. Судот денeска му ја укина суспензијата поради недостаток на докази, но не се уверени во неговата невиност.