Бугарија- во нападот во Бургас загинале 7 луѓе

Видео снимка на која е прикажан извршителот на нападот.

Министерот за внатрешни работи на Бугарија го ревидираше бројот на загинати во самоубиствениот бомбашки напад во Бургас. Министерот Цветан Цветанов изјави дека во нападот загинале 7 луѓе, од кои 5 Израелци, возачот на автобусот кој бил Бугарин и бомбашот самоубиец. Израелските официјални лица го обвинија Иран и неговиот либански сојузник Хезболах за организирање на нападот. Бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека американската возачката дозвола најдена кај извршителот на нападот е лажна и дека неговиот идентитет не може веднаш да се утврди.