Востанието во Сирија е на пресвртна историска точка по вчерашниот бомбашки напад во Дамаск во кој загинаа најмалку тројца високи преставници на режимот.
Ова во Катар го изјави шефот на опозициониот Сириски Национален Совет Абделбасет Сида.
Во нападот загина министерот за одбрана Дауд Рајха, зетот на Претседателот Башар ал Асад и заменик министерот за одбрана Асеф Шавкат, како и шефот на кризниот менаџмент Хасан Туркомани. Во нападот беше повреден и министерот за внатрешни работи Ибрахим ал Шаар.
Генералниот Секретар на ОН Бан ки Мун го повика Советот за безбедност да ја усвои резолуцијата за Сирија на која и се противат Русија и Кина.