Во неколку региони на Грција беснеат пожари

Грција - Архива

Во Грција и денеска има шумски пожари на полуостровот Пелопонес, на островот Крит и во регионот на Коринт.
Евакуирани се села и е прогласена вонредна состојба.
Шест од вкупно осум авиони „Канадер“ се оштетени и се повлечени од гаснењето, има настрадани пожарниакри, кои се хоспитализирани, јавија грчките медиуми.
Во гаснењето на пожарите на Коринт учествува и армијата.
Како региони на потенцијална опасност повторно се посочуваат полуостровот Пелопонес, северниот дел на Егејско море, областа Атика и островот Крит.