Бугарија- нападот во автобусoт бил предизвикан од бомбаш самоубиец

Бугарија-уништениот автобус по експлозијата на бомба кај аеродромот во Бургас

Бугарските власти изјавија дека експлозијата на аеродромот во Бургас во која загинаа седум лица а 30 се повредени била предизвикана од бомбаш самоубиец.Ова го кажа бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов.Претходно бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов изјави дека причина за експлозијата била бомба во автобусот.Младенов за ова телефонски го информирал неговиот израелски колега Авидор Либерман Експлозијата се случи во автобус на аеродромот во Бургас околу 400 километри источно од Софија. Младенов изјави дека Бугарија ќе направи се што е во нејзина моќ да ги открие сторителите.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Техеран за нападот и вети остар одговор на истиот.Жртвите во нападот се израелски туристи кои штотуку пристигнале со авион од Тел Авив. Американскиот претседател Барак Обама вети негова подршка на Нетанјаху во телефонски разговор и го осуди нападот како терористички акт.