Бан Ки-Мун денеска ја почнува посетата на регионот

Генералниот секретар на ОН,Бан Ки Мун,со посетата на Словенија, ја почнува повеќе дневната турнеја во земјите од Западниот Балкан во чии рамки ќе ги посети и Хрватска, Црна Гора,Србија,Косово,Македонија и БиХ.Посетата на регионот,со цел да укаже на неговата важност не само во Европа туку и во светот,Бан Ки Мун ја почнува во Словенија каде за петок се предвидени состаноци со премиерот Јанез Јанша,и со претседателот на Републиката Данило Тирк.Од Словенија Бан Ки Мун заминува во Хрватска по што оди во Црна Гора.За понеделник е планирана посета на Србија, а потоа посетата ја продолжува во Македонија ,а ја завршува во Босна и Херцеговина.