Панета загрижен за ситуацијата во Сирија

Американскиот секретар за одбрана, Леон Панета.

Американскиот секретар за одбрана, Леон Панета, изрази загриженост за насилството во Сирија велејќи дека работите таму излегуваат од контрола, откaко во напад на бомбаш самоубиец беше убиен министерот за надворешни работи на Сирија. Тој вели дека новите насилства укажуваат на тоа дека ситуацијата во Дамаск е вистинска ескалација на борбите и дека работите брзо излегуваат од контрола. Панета ја повика меѓународната заедница максимално да го „притисне„ сирискиот претседател Башар ал-Асад за да се повлече. Противниците на Асад велат дека борбите во Дамаск го означуваат почетокот на крајот на режимот на Асад.