Бан Ки Мун утре ја започнува балканската турнеја

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун утре ја започнува повеќедневната турнеја по Балканот, за време на која ќе посети повеќе земји до Западен Балкан. Посетата има за цел да укаже на важноста на регион, не само за Европа, туку и за целиот свет.

Бан Ки Мун прво ќе ја посети Словенија каде ќе разговара со премиерот Јанез Јанша и со претседателот Данило Тирк. Потоа ќе ја посети Хрватска каде ќе остане три дена и ќе разговара со тамошниот државен врв. Од Хрватска ќе отпатува за Црна Гора на разговори со претседателот Филип Вујановиќ. На 23 јули се закажани разговори со српските власти во Белград. На 24 јули ќе го посети Косово каде ќе се сретне со претставниците на УМНИК. Потоа посетата ја продолжува во Македонија, каде ќе се сретне со државниот врв и ќе се обрати во Собранието, а турнејата ќе ја заврши со посетата на Босна и Херцеговина.