Црвенковски и Тачи си подадоа рака за соработка

Претседателот на ДПА Мендух Тачи

На половина пат помеѓу Скопје и Тетово, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи подадоа рака и го обзнанија договорот за техничка соработка и заемна поддршка.

Како што истакнаа лидерите на СДСМ и ДПА, главна цел им е делегитимирање и смена на актуелната влада. Прв испит за овој договор ќе бидат локалните избори следната година.

„Во оние општини каде што согласно етничата структура едноставно нема можност да победи кандидат од македонска етничка припадност, соодветно на тоа и од редовите на СДСМ, односно опозицискиот фронт, ние ќе бидеме подготвени да го поддржиме кандидатот промовиран од страна на ДПА и обратно“, рече лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Двајцата лидери признаа дека има разлики меѓу нив, посочувајќи го Охридскиот договор како една од најголемите. Но лошата економска состојба, недемократската власт и замрзнатите евроатлантски интеграции ги обединиле. Виновник за ваквата лоша состојба е Владата и без нејзина смена нема напредок истакнаа двајцата лидери. Тие очекуваат да продолжи негативната кампања против нив.