Црвен крст- 13 илјади луѓе се уште се водат за исчезнати од Балканските војни

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека повеќе од 13 илјади луѓе се уште се водат за исчезнати од Балканските војни во деведесетите години од минатиот век. Висoкиот службеник на Црвениот крст Барбара Хинтерман ги повика властите во Загреб и Белград да ги интензивираат напорите да се најдат сите што се водат за исчезнати. Таа рече дека главниот проблем е што властите не ги споделуваат информации за можни масовни гробници. Освен тоа проблем е и што се одолговлекува идентификацијата на посмртните останки на стотици починати кои се наоѓаат во мртовечниците во Хрватска, додека стотици други остатоци треба допрва да се ексхумирани. Според МКЦК, од тие 13.000 што се исчезнати, 9.000 се поврзани со конфликтот во Босна и Херцеговина, речиси 2.500 се поврзани со војната во Хрватска, а остатокот со војната во Косово