Русија не може да ја подржи резолуцијата за Сирија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и спрецијалниот пратеник за Сирија Кофи Анан.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека поради ситуацијата во Сирија Москва не може да го поддржи западниот предлог за резолуција против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Лавров рече дека сириската опозиција тврди дека сега во Сирија се одвива решавачката битка меѓу Владата и опозицијата. Лавров вели дека со таква резолуција би се сигнализирало дека ОН даваат целосна поддршка на револуционерното движење, а такво нешто Обединетите нации не можат да сторат. Денеска се очекува Советот за безбедност на ОН да гласа за резолуцијата за Сирија.