ЕК- Романија назадува, Бугарија напредува во борбата со корупцијата

Претседателот на EК, Жозе Мануел Баросо

Европската комисија во извештаите за тоа како Романија и Бугарија се справуваат со корупција и криминал, наведува дека има сериозни забелешки за владеењето на правото и функционирањето на независното судство во Романија, а посочи голем напредок во овие области во Бугарија. Претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Баросо рече дека извештаите за Романија се далеку полоши пред се поради случувањата таму во последните три недели. Тој рече дека случувањата на политички план внеле сериозно беспокојство и во Комисијата и во целата Европска унија.