ДЗС:Пожарите не се со толкав интензитет како во светот

Архивска фотографија.

Пожарите во Македонија во овој момент не се со таков интензитет, како што се во останатите држави на Балканот, Европа и светот, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу. Тој рече дека годинава досега имало 902 пожари, околу 2.473 хектари изгорена површина и штета од 18 милиони денари.
Салиу изјави дека сега е активен пожарот во село Разловце општина Делчево, а во еден дел има зафатено површина и во општина Пехчево. Големи пожари имаше во тетовското село Желино, во село Патетино во Свети Николе во штипско, како и општина Илинден, кои се целосно локализирани, изјави Салиу. Во во 2011 година имало 2.019 пожари, 19.633 изгорена површина и штета од 105 милиони денари.