Во САД одобрен нов лек против дебелината

Американската агенција за лекови денеска дозволи употреба на нов лек против дебелење за кој се смета дека е најефикасна терапија за губење на вишокот килограми. Лекот на американската компанија Вивус се вика Ксимија и може да го користат возрасни лица кои имаат проблеми со дебелината и барем една болест поврзана со тоа, како што е висок крвен притисок или високо ниво на холестерол.