Русија и Западот поделени околу резолуцијата за Сирија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и меѓународниот пратеник за Сирија Кофи Анан

Русија, пред денешното гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации, и натаму се противи на некои делови од новата нацрт резолуција за Сирија. Во резолуцијата предложена од Соединетите држави и европските сојузници е вклучена закана од санкции, а се спомнува и членот седум од Повелбата на Светската организација со кој се овозможува употреба на сила за запирање на 17 месечното крвопролевање во Сирија. Русија соопшти дека ќе вложи вето на секоја резолуција во која се спомнува членот седум. Ваков став има и Кина. До петок треба да биде усвоена нова резолуција за да биде продолжен мандатот на меѓународната мониторинг мисија во Сирија.