Во Авганистан уништени 23 возила на НАТО

Авганистанските власти соопштија дека милитанти уништиле 23 цистерни и камиони за снабдување на НАТО силите во таа земја. Се прецизира дека бомбата била прикачена за камион кој експлодирал и ги запалил другите камиони кои превезувале гориво од Узбекистан. Деновиве сличен напад се случи и на југот на земјата. Инаку, по седуммесечна блокада на возилата на НАТО поради воздушните напади со беспилотни летала, неодамна Пакистан ги отвори границите за снабдување на силите на НАТО во Авганистан.