Најмалку 12 загинати во експлозија на бомба во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека во експлозија на бомба поставена крај еден пат во северозападната провинција Оракзаи загинале најмалку 12 шиитски цивили, вклучувајќи и две деца. Оваа област е една од седумте пакистански провинции кои се граничат со Авганистан и кои се познати како засолниште на талибанците и на припадниците на Ал Каеда. Во Пакистан мнозинството жители се сунитски муслимани.