САД и Пакистан ги продолжуваат разговорите за контратероризам

Соединетите Држави и Пакистан се согласиле на продолжување на разговорите за контратероризам на високо ниво, кои беа прекинати во текот на смртоносниот пограничен инцидент минатата година во кои 24 пакистански војници беа убиени. Агенциите јавуваат дека американски и пакистански официјални лица најавиле официјална посета на пакистанскиот шеф за разузнавање во Вашингтон кон крајот на овој месец, каде ќе се сретне со директорот на ЦИА, Дејвид Петрус. Разговорите од почетокот се во ќор-сокак, оти САД се решени да ги одбијат барањата на Пакистан врз САД да го замени беспилотно летало на ЦИА со пакистанските Ф-16 летала - предлог кој американски официјални претставници го отфрлија многу пати пред тоа. Сепак агенциите јавуваат дека секоја страна сигнализирала подготвеност да се подобри соработката.