Една третина од возрасните се физички неактивни

Една третина од возрасните луѓе во светот се физички неактивни, а начинот на живот убива повеќе од пет милиони луѓе секоја година, покажало најновото здравствено истражување. Тројца од секои 10 лица на возраст од 15 години или постари не ги следат препораките за физичката активност. Физичката неактивност е опишана ако не се практикува 30 минути умерена физичка активност пет пати неделно или 20 минути силна активност три пати неделно. Неактивноста се зголемува со возраста, таа е повисока кај жените отколку кај мажите, и поприсутни во земји со големи приходи. Истражувањето покажува дека со намалување на неактивност од 10 проценти би можело да се елиминираат повеќе од половина милиони смртни случаи секоја година.