Обама назначи нови амбасадори во Авганистан и Пакистан

Американскиот претседател Барак Обама назначи двајца постари дипломати да бидат амбасадори во Авганистан и Пакистан. Обама го именувал Ричард Олсон, поранешен амбасадор во Обединетите Арапски Емирати, да служи во Пакистан. Американскиот амбасадор во заминување Камерон Мантер, поднесе оставка во мај, поради ескалацијата на тензиите меѓу Вашингтон и Исламабад предизвикани од американски воздушен напад во кој загинаа 24 пакистански војници во ноември минатата година. Во соопштението од Белата куќа се вели дека Џејмс Канингем,актуелниот заменик-амбасадор во Кабул, ќе го замени амбасадорот Рајан Крокер, кој соопшти дека си заминува поради здравствени причини.
САД се подготвува да ги повлече борбените сили од Авганистан во 2014 година.