Над 75 проценти од светското население има мобилен телефон

Светската банка соопшти дека речиси три-четвртини од населението во светот, сега има пристап до еден мобилен телефон. Во новиот извештај на Банката се наведува дека брзото ширење на комуникацијата преку мобилен и телефонските апликации имаат значајни глобални последици за земјоделството, здравството, финансиските услуги. Осумдесет проценти од домаќинствата во земји како Азербејџан, Белорусија, Грузија и Казахстан имаат мобилни телефони. Во Русија тој број достигнува 90 проценти, во Ирак 94. А во Иран и Молдавија мобилни телефони имаат околу 70 проценти од граѓаните.