Висок претставник на НАТО утре во посета на Македонија

Амбасадорот Александар Вершбоу.

Заменик генералниот секретар на НАТО, амбасадорот Александар Вершбоу утре ќе престојува во работна посета на Македонија, соопштуваат од Алијансата. За време на неговата посета тој ќе се сретне со премиерот на Македонија Никола Груевски, со министерот за надворешни работи Никола Попоски, со министер за одбрана Фатмир Бесими и со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети. Предвидено е тој да одржи заедничка прес конференција со министерот Попоски.