Асад ќе употреби и хемиско оружје за да остане на власт

Nawaf Fares

Режимот на Башар ал Асад би можел да употреби и хемиско оружје за да остане на власт. Ова го изјави поранешниот сириски амбасадор во Багдад, Наваф Фарес во интервју за Би-Би-Си.
Фарес наведе дека според некои извештаи, такво оружје веројатно и досега било употребено.
Фарес беше првиот амбасадор на Сирија во Ирак, по повеќегодишниот прекин на односите меѓу овие две соседни земји. Тој му ја откажа својата лојалност на актулениот сириски претседател и од пред десетина дена премина на страната на опозицијата, која настојува да го урне Асад од власта.