Анан бара согласност од Путин за зголемување на притисокот врз Сирија

Меѓународниот пратеник за Сирија Кофи Анан на разговори со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Москва.

Меѓународниот пратеник за Сирија Кофи Анан разговараше за сириската криза со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Анан се обидува да издејствува поддршка од Русија за поостра акција против сирискиот лидер Башар ал-Асад. Анан вчера се сретна и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој изјави дека Москва ќе ги блокира сите обиди на Советот за безбедност на ОН за проширување на набљудувачката мисија на ОН во Сирија, ако западните сили не запрат со, како што вели, уцените со закани за санкции против Дамаск.