Одобрен лек за намалување на ризикот од ХИВ

Илустрација.

Американската Агенција за храна и лекови даде одобрение за употреба на првиот лек за кој е утврдено дека го смалува ризикот од инфекција од ХИВ вирусот. Агенцијата го одобри лекот Трувада како превентивна мерка за луѓе кои се под висок ризик да го внесат вирусот. Активистите за јавно здравје сметаат дека новиот лек може да го забави ширењето на ХИВ. Испитувањата покажале дека лекот го намалува ризикот од инфекција за дури 75 проценти кај паровите од кои едниот е инфициран со ХИВ, а другиот не.