Премиерот на Романија вети економски развој

Премиерот на Романија Виктор Понта

Премиерот на Романија Виктор Понта денеска претстави неколку „итни“ и „прекуменро потребни“ мерки за еконосми раст, кои според него ќе осигураат работни места и ќе го стимулираат приватниот сектор. Понта рече дека во напната политичка ситуација во Романија и економски пад во последните две години, владата мора да преземе конкретни мерки за да осигура макроекономска стабилност. Меѓу мерките на владата е да ги стимулира претпријатијата кои ќе вработат млади луѓе под 25 години или возрасни над 55, така што не мора една година да плаќаат за социјалните доприноси.