Во Скопје состанок Арифи, Санино

Стефано Санино

Вицепремиерката задолжена за европски прашања, Теута Арифи денеска ќе одржи средба со Стефано Санино, генерален директор на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија. Претходно Арифи, заедно со директорката во Директоратот за проширување на Европската комисија, Александра Кас Грање, ќе претседаваат со Секторскиот мониторинг комитет за првата компонента од Инструментот за претпристапна помош при транзиција и институционално јакнење.