Преполовен бројот на гусарски напади во светот

Бројот на гусарски напади во првата половина од годинава падна за 54 насто, соопшти денеска Меѓународното биро за поморство, додавајќи дека најмногу опаднал бројот на нападите извршени од сомајлиските гусари. Бирото прецизира дека годинава имало 177 гусарски напади, додека во истиот период лани имало 266 напади. Ваквиот пад, како што се наведува, било резултат на дејствувањето на меѓународната воена флота која патролира на бергот на Сомалија.