Јапонските власти соопштија дека 26 луѓе загинале, а десетина други се водат за исчезнати во поплавите на јапонскиот остров Кјушу. Илјадници луѓе се отсечени поради тоа што патиштата се затрупани од одрони на земја. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека најлошото минало, но предупреди дека во нардниве денови би можело повторно да има изобилни дождови.