Нафтата под 87 долари за барел

Цените на нафтата на азиските берзи денеска забележаа мал пад по коментарите на кинескиот премиер за движењето на кинеската економија. Цените на нафтата падна за 25 центи за барел и изнесуваа нешто под 87 долари. Кинескиот премиер Веб Џиабао во текот на викендот изјави дека кинеската економија се уште не влегла во фаза на заздравување и оти можат да се очекуваат економски тешкотии и во наредниот период.