Една жртва и десетина повредени во торнада во Полска

Западниот и сверениот дел на Полска беа погодени од торнадо, при што најмалку едно лице загинало, а околу десетина се повредени. Струјата била прекината, а некои од патиштата биле затворени, додека стотина пожарникари се обидувале да ги расчистат паднатите дрвја.
Повеќе од 400 хектари шума била срамнета со земја, откако торнадото го зафати националниот парк во регионот.