Меѓународен комитет на Црвен крст- во Сирија има граѓанска војна

Сирија

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти денеска дека ситуацијата во Сирија ја сметаат за граѓанска војна и дека отсега меѓународното право ќе се применува на целата територија на Сирија.
Комитетот до сега случувањата ги третираше како конфликти но само во жариштата Хомс, Хама и Идлибу, но откако утврдиле дека насилството се проширило и вон тие подрачја, ја менуваат политката.
Меѓународното право им ги органичува сретствата кои завојуваните страни можат да ги користат во постигнувањето на целите.
А, ако некој употреби прекумерна сила тоа може да биде основа за гонење за воени злосторства, посебно ако се напаѓаат цивили и се убиваат заробеници.