Совет на Европа- Русија носи спорни закони

Истакнат член на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го критикуваше потегот од страна на руската Дума за повторно воведување на клевета како кривично дело. Пратеникот Андреас Грос од Швајцарија вели дека новата легислатива е дел од грубите нови ограничувања што ги изгласа Думата, како користењето на интернетот и законот за невладини организации. Во изјавата за Радио Слободна Европа Грос кој е коизвестувач за состојбите во Русија, вели дека со новиот закон за клевета, властите сакаат да ги казнат оние кои не мислат како нив. Грос утре се среќава со руски официјални претставници во Москва и со нив ќе разговара за спорните закони.