Пакистан ќе експлоатира природен гас во Ирак

Властите во Багдад потпишаа прелиминарен договор со пакистанска енергетска компанија за експлоатација на природен гас во источниот дел на Ирак. Според договорот потпишан денеска пакистанската нафтена компанија ќе експлоатира 6.000 квадратни километри површина во провинцијата Дијала во Ирак. Договорот сега оди во кабинетот на ирачкиот претседател на потпишување, за конечно да биде одобрен. Руската нафтена компанија Башнафт претходно овој месец доби посебен договор да ископува нафта во јужните ирачки провинции Мутана и Наџаф. Две други руски фирми, Лукоил и Газпром, исто така, потишаа договори. Ирак е четврта по големина земја во светот по резерви на нафта.