Најмалку девет луѓе загинале во Сирија

Градот Хомс во Сирија.

Најмалку девет луѓе загинале денеска во Сирија за време на воздушните напади од страна на сириските владини сили на градовите Деир Езор и Хомс во провинцијата Хама, соопшти Опсерваторијата за заштита на човековите права со седиште во Лондон. Според нивните информации во градот Деир Езор загинале најмалку 4 луѓе, а во престрелките меѓу регуларната војска и дезертерите загинал еден бунтовник. Во Хомс загинале двајца цивили, а во градот Калет ал Мадик во Хама се убиени уште двајца цивили, а многу луѓе биле ранети. Според податоците на Опсерваторијата вчера во цела Сирија загинале најмалку 115 луѓе , а во последните два дена биле убиени 250.